Еден Мексиканец е хоспитализиран по тридневна ерекција, предизвикана од стимул што, според локалните медиуми, инаку се користи на бикови.

Неименуван маж бил пренесен во болница во малиот град Рејноса на границата со Мексико и Соединетите држави. Тој дошол во болница откако неговата ерекција не спаднала.

Според весникот „Ла Република“ во Перу, мажот планирал да има секс со 30-годишна жена, па затоа решил хемиски да ги подобри своите способности.

„Тој беше хоспитализиран во Специјализираната болница 270 во Рејноса Сити. Тој го зеде сексуалниот стимул што го купи во Веракруз, кој земјоделците во регионот го користат на бикови“, им рекоа  лекарите на новинарите.

Мажот, наводно, дури патувал во Веракруз за да го добие споменатиот лек. Не е познато каква е состојбата по операцијата.