Пудингот е десерт на кој никој не останува рамнодушен. Ако уште имате и рецепт за здрав пудинг без дополнителни шеќери и конзерванси, тогаш задоволството е уште поголемо.

Дегустирајте го вкусниот чоколаден чиа пудинг кој брзо и едноставно се подготвува.

Состојки – 300 милилитри (немасно) млеко, 60 грама чиа семки,  лажици какао (во прав), 1 лажица мед, малку хималајска сол, неколку коцки темна чоколада.

Подготовка – Сите состојки, освен чоколадните коцки, ставете ги во блендер и добро измиксајте ги додека не добиете еднолична смеса. Претурете ја смесата во две чашки. Чашките ставете ги во фрижидер еден час, а повремено мешајте ја смесата. На крајот послужете го здравиот пудинг со изрендано темно чоколадо, за декорација.