Има многу случаи кога сознанието за тоа што има „зад аголот“ може да биде многу корисно за возачите, па дури и да им го спаси животот.

Благодарение на новата технологија на Ford за поврзаност на автомобилите, ова сега ќе биде можно

Податоците за локални опасности се значаен чекор на патот кон поврзана сообраќајна инфраструктура, помагајќи им на возачите да се подготват и потенцијално да избегнат опасности на патот, велат од Ford.

Новата технологија на овој автомобилски производител ќе ги предупредува возачите за несреќи, нестабилен терен, поплави па дури и лизгање на земјиштето и одрони на патот. Сите опасности кои влијаат на возачот во тој момент ќе бидат прикажани на дисплејот. Системот е дизајниран така да на возачите им даде поголема корист од информациите за опасностите објавени од радиодифузните системи кои честопати се ирелевантни или предоцна објавени.

LHI технологијата би требало да биде воведена во повеќе од 80 проценти од патничките возила на Ford до крајот на 2020 година.

Она што е најважно е дека оваа технологија нема да биде ограничена само на оние кои патуваат со возила на Ford, туку информациите од LHI ќе можат да ги користат и луѓето што управуваат други марки на автомобили.