Toyota до крајот на годинава ќе претстави нов SUV кој треба да се позиционира под во моментов најмалиот SUV, моделот C-HR.

Во моментов нема официјални информации околу овој нов модел чије име не е познато, но се зборува дек ќе се темели на новата генерација на Yaris, при што димензионално ќе биде идентичен на овој модел.

Се шпекулира и дека овој модел ќе биде понуден и во 4×4 верзија како и хибридна верзија.

За одредени регионални пазари ќе бидат понудени и традиционални мотори. Станува збор за 1,0 литарски и 1,5 литарски бензински мотор.