Едноставен рецепт за брз појадок. Овој појадок е совршен е за сите луѓе кои сакаат вкусна храна, но немаат доволно време за да ја подготват.

Потребни состојки: 4 парчиња тост леб; 2 парчиња шунка; 4 парчиња кашкавал; 1 јајце; путер или масло за пржење.

Начин на подготовка: Ставете парче кашкавал на 2 парчиња леб, потоа шунка, а потоа повторно кашкавал. Покријте ги со останатите две парчиња леб. Разматете го јајцето, зачинете со сол и внимателно натопете ги сендвичите од едната и од другата страна во смесата.

Загрејте ја тавата за пржење, додадете путер или масло и прво пржете ги сендвичите од едната страна. Потоа свртете ги внимателно, користејќи поширока шпатула и испржете ги и од другата страна.

Според оригиналниот рецепт, пржените сендвичи уште додека се топли треба да се наросат со малку шеќер во прав, но можете да го прескокнете овој чекор доколку не сакате да мешате благи и солени вкусови.