Одделот за јавна безбедност во Аризона соопшти дека е казнет 62-годишен возач, откако ги повредил сообраќајните правила со возење автомобил во кој има само едно лице.

Полицијата го запрела на патот кога виделе скелет на кој мажот му ја ставил својата капа и го врзал на патничкото седиште, јавува Би-Би-Си.

Со тоа, возачот сакал да го измами системот. Имено, на автопатот заради заштита на животната средина, една лента е резервирана само за возила со голема зафатеност, т.е. единствено може да го користи возило со возач и еден или повеќе сопатници, па овој возач се обидел да излаже дека има совозач во неговиот автомобил и се возел на брзата лента.

Полицијата во Аризона известува дека околу 7.000 возачи се обидуваат секоја година на сличен начин да ги прекршат правилата.

Полицијата на Твитер објави и фотографија од автомобилот, на која е прикажан лажен скелет облечен со шапка.