Неколку недели невозење на автомобилот и негово оставање на паркингот би можело да предизвика сериозни проблеми. Многу делови на возилото не поднесуваат долго стоење и затоа ова не се препорачува.

Акумулаторот е еден од нив. Се празни кога автомобилот стои долго. Едноставно! Ако автомобилот не го возите со недели веројатно ќе се испразни односно нема да можете да го вклучите моторот.

Дисковите на кочниците ќе почнат да зарѓуваат и првото кочење ќе биде далеку од перформансите на кочниците кога се потполно исправи. Силата на кочниците ќе биде многу послаба и ќе мора да помине некое време пред кочниците да се вратат во полна функционалност. Го оставите ли автомобилот да стои подолго време не ја кревајте рачната кочница бидејќи плочките и дисковите би можеле да заглават.

Со долго стоење на едно место гумите веројатно ќе се деформираат. Провете ги во сервис доколку почувствувате вибрации кои не ги имало кога последен пат сте го возиле автомобилот. Ако возилото го паркирате во зима и е полно сол, не треба посебно да се напоменува какво влијание има солта на лимената површина на автомобилот. Корозијата нема да биде видлива веднаш, но дефинитивно брзо ќе се развива.

Доколку го оставите автомобилот во чија внатрешност има многу влага, голема е веројатноста дека кога ќе се вратите за неколку недели ќе ве дочека незгоден мирис. Ако го паркирате во гаража, секогаш оставете ги прозорците малку спуштени колку да може воздухот да навлезе во внатрешниот дел од возилото.

Во резервоарот би можело исто така да се создаде рѓа поради кондензација. Поради тоа пред долготрајно паркирање би требало да го наполните резервоарот со гориво.