Навидум бесконечните црвеникаво-портокалови рамнини на пустината Атакама во северено Чиле потсетуваат на слики на Марс. Она што придонесува за нереалноста на оваа област е необичниот споменик, за кој многумина се неизвесни дали навистина постои „Mano del Desierto” (пустинска рака).

Нереалните области на најсушната пустина во светот, Атакама, зафаќаат површина од над 100.000 квадратни километри, пресечена со Пан-американск автопат со должина од 30.600 километри што ги поврзува Северна и Јужна Америка.
Ноќе, кога небото се претвора во прекрасен ѕвезден калеидоскоп, Атакама е најинтригантна за љубителите на гледање ѕвезди.
„Mano del Desierto” е во средина на пустината и иен момент.

Палец и четири прсти што извираат од земјата нагло ја прекинуваат монотонијата на пустината бидејќи овој споменик е висок импресивни 11. метри, а најблискиот град Антофагаста е на 74 километри од пустината рака.
Изградбата на споменикот, кој беше направен од бетон и железо во 1992 година од чилеанскиот скулптор Марио Ираразабал, беше финансиран од локалната организација „Korporasion pro Antofagasta”..
Уметникот Ираразабал е познат по своите дела кои се поврзани со човечко страдање, така што оваа голема скулптура го отсликува чувството на осаменост во ова изолирано место.
И покрај апелите до туристите да се воздржат од сквернавење на споменикот, локалното население се собира двапати годишно за да го исчисти од невкусни графити.
Иако оваа пустинска рака е осамена во пустината, таа има свој пар: десната рака се наоѓа во Уругвај а настанала десет години порано во Пунта дел Есте, на брегот на Атлантикот.