Адолф Хитлер фантазирал дека е Исус Христос и за второто доаѓање на спасителот, пренесува „Дејли стар“ повикувајќи се на декласифицирани документи на ЦИА. Во профилот на Хитлер на 68 страници, направен речиси една година откако САД влегоа во Втората светска војна, се тврди и дека тој имал комплекс на месија.

Тајно досие составено од Канцеларијата за стратешки служби, претходничка на ЦИА, презентира биографска скица на фирерот. Таа била испратено од д-р Хенри Филд до главниот помошник на американскиот претседател Франклин Делано Рузвелт. Според досието, Хитлер бил опишан како сексуално некадарен маж опседнат со себеси. Поточно, во документот се вели дека фирерот сонувал да биде месија кој ќе го исчисти Берлин, град што го сметал за „Вавилон на гревот“.

Хитлер почнал да размислува за себе како полубог уште во раните 1920-ти додека ја создавал нацистичката партија, тврдат декласифицираните документи. До 1923 година почнал да зборува за себеси како суров месија на светот, се вели во досието. Ова размислување влијаело врз неговата политика и врз неговиот сексуален живот.

Документите опишуваат како Хитлер дематирал новинарска вест во која се вели дека бил свршен со Ернам, сестрата на извесен д-р Сеџвик.

„На Хитлер многу му годеа шпекулациите, но под притисок од д-р Сеџвик да ја негираат веста, тој му рекол: Те овластувам да им кажеш на весниците дека никогаш нема да се свршам со жена ниту ќе оженам. Единствената вистинска невеста за мене е и секогаш ќе биде германскиот народ“. Според досието, пријателот на Хитлер, Ернст Ханфстауенгл изјавил дека фирерот се сметал себеси за месија по овој говор.

Британската историчарка Ема Крејги неодамна зборуваше за интимните детали од сексуалниот живот на фирерот. Крејги тврди дека тој имал мал пенис, си инјектирал животински тестостерон и ги камшикувал кучињата за да ја импресионира својата љубовница Ева Браун.